Таа секако изгледа фантастично со своите 58 години, но Крис Џенер изгледала уште поимпресивно на сликата која ја споделила на Инстаграм. Крис позирала со својот славен кувар Гордон Рамзи, но тој одлучил да ја сподели истата слика, но без фотошоп. Разликата е неверојатна.
Крис на својата слика изгледа помладо, без ниту една брчка. Таа гордо позира покрај шефот на кујната, со својата книга со рецепти за готвење
Мајката на една од најпознатите старлети на светот, Ким Кардашијан изгледа неверојатно за своите години, но се поставува прашањето дали и е воопшто потребно толку „дигитално средување“.
Таа сепак била многу фина и со својот гостин на фотографијата, па и на куварот му ги средила брчките во фотошоп.
Џенер моментално е презафатена со промовирање на својот кувар и по тој повод густувала во шоу каде храбро ги избегнувала прашањата наменети за нејзиниот маж Брус Џенер. Тие сеуште се во брак, но живеат одвоено, а се зборува дека се забавува со нејзината некогашна пријателка и асистентка Ронда Камихир.
Џенер за својот маж изјавила „само сакам да си ја пронајде среќата, не ме интересира со кого излегува„.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѕвездите ќе мора да ги покажат своите мани – Инстаграм ќе ги означува сликите направени во Фотошоп
-
Фотографија која ќе ве поремети: Колку и да е лошо и реално, сепак е илузија
-
Поезија ѝ оди, фотошоп помалку: Мелита со мудри мисли во стилот на Турунџиева (ФОТО)
-
Ах тој фотошоп, на насловна без колена (фото)





