| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава е закана за целиот регион

hajder-al-abadi-premijer-iraka-1

Премиерот на Ирак, Хајдар ел Абади, денеска изјави дека неговата држава е во војна со терористи кои се закана за целиот регион и кои настојуваат да ги поделат муслиманите. Изјавата ја даде за време на средбата со Хасан Рохани, претседател на Иран. Абади престојува во еднодневна посета на Иран каде разговараше и со потпретседателот на Иран Есак Џахангири.

– Ирак не се бори само против тероризам. Тоа е голема војна со сите такви групи, изјави Абади.

Пред посетата тој рече дека е исклучена можноста за странска воена интервенција против Исламска држава.

– Нам не ни требаат странски војници. Не постои држава во светот што е подготвена овде да се бори и да ви ја врати државата дури и ако и побарате, нагласи Абади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top