| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролот на Нимиц за „Република“: Медијаторот нема подготвено нов предлог за името!

Metju Nimic (12)

„Амбасадорот Нимиц им нема подготвено нов предлог на инволвираните страни. Од амбасадорот Метју Нимиц нема да има никаков коментар околу шпекулациите за натамошните дискусии помеѓу нив“ – ова е краткиот и јасен одговор на Хак Фархан, портпарол во седиштето на ООН во Њујорк, еден од тројцата кои се обраќаат во име на медијаторот.

Прашањето на „Република“ беше едноставно  – дали новиот предлог на Нимиц е „Република Горна Македонија“, со „македонски“ за јазикот и „граѓани на Република Горна Македонија“ за националноста?  Според востановениот протокол, прашањето преку Фархан дојде до Метју Нимиц, како што е и процедурата, а неговиот одговор по востановеното правило го соопшти портпаролот. Тој  беше дециден – нема нов предлог за името.

 Прикаската ја започнаа Грците. Сериозно и се налепија македонските опозициски медиуми, лиферуваа конктеретен предлог, кој испадна лага. „Независна“ и недвосмислена помош во обидот за рушење на имиџот на власта, но како да заборавија дека со ова и одмагаат и на Македонија.

Сѐ ќе останеше во форма на само уште една грчка басна, доколку на неа не се залепеа македонските опозициски медиуми. Интенцијата на Атина беше јасна и видлива „од авион.“ Како и многу пати до сега, Грција, во препознатливиот стил на игра, превенираше можно „зло“ и каков и да е неприфатлив предлог за нив, а во истата таа превенција две недели претходно беа инволвирани и Евангелос Венизелос и грчкото МНР. Грција си го кажа своето и пред самиот старт ја урниса најавената посета на Нимиц, повторно диктирајќи услови и форма на решението. Потоа работите во свои раце, ја презедоа македонските опозициски медиуми.

Чуму сите тие лаги или кому одговара вакво преурането лицитирање со предлози,т.е. зошто некој би одел контра националните интереси? По една секунда размислување на сите им беше јасно дека и овојпат зајакот лежи во константното „оцрнување“ на власта, во кое подобните пера не избираат средства. Грција јасно кажа што мисли за преговорите, Македонија требаше само да молчи. Вака, некој јасно провоцира реакција која на запад ќе се протолкува, а на југ ќе се злоупотреби како неконструктивност. Очигледно, тагата од фактот што сега некој мора да се занимава со бедните остатоци од неколкуте негативности во позитивниот Извештај на ЕК, истиот тој ја „удави“ во нова теорија на заговор. Во безидејноста, предизвикана од братоубиствената констелација во сопствените редови, каде врие од бескрајната низа катастрофални потези на раководството, ќе му се моли и надева ли ексбихаќка повторно на странскиот фактор. За да измамат помош во форма на посакуваната „деус екс макина“ или Божја рака, ќе бидат ли сега тие подобните „државотворци“ кои наспрема „тираните“ ќе се промовираат отворени за соработка, па и за промена на името, или ќе удрат контра и ќе се обидат да допрат до македонското гласачко тело преку постојаното лиферување лажни информации дека оваа гарнитура ќе го менува името? И така, од т.н. четири столба никој ништо не виде, а гласно најавените 5 илјади тимови лица исчезнаа во преводот или во партиските пресметки. Ќе биде ли името нов адут на опозицијата?  Како и да е, новата офанзива не е случајна, а „кичмата“ е надалеку позната…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top