Земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во 12.32 часот во Охрид, Струга и во околината.
Земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет, потекнува од охридското епицентрално подрачје, а неговиот епицентар се наоѓа на 100 километри југозападно од Скопје. Иинтензитетот на земјотресот, според Европската макро-сеизмичка скал 1998 е четири степени.
Освен вознемиреност кај жителите на Охрид, земјотресот што траеше четири секунди и беше проследен со бучава, не предизвика материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.