Резервниот голман на Селтик, Лукаш Залуска, во понеделникот е пронајден претепан како лежи во вир од крв.
Полскиот голман во раните утрински часови бил брутално претепан од непознат напаѓач во моментот кога излегувал од такси.
Полицијата во Глазгов се сомнева дека чуварот на мрежата на Селтик го претепал фудбалер кој настапува за еден од тимовите во шкотската премиерлига. Како што пренесуваат медиумите, два фудбалера веќе се приведени.
Залуска, кој е втората опција зад голманот Крег Гордон, во Селтик дојде во 2009 година од Данди јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.