| четврток, 6 декември 2018 |

Земји во кои најмногу се употребува марихуана

p26Во некои земји во светот употребата на марихуана е незаконска, а во други – не. Нејзината употреба  во трети земји може да ни донесе само парична казна. Извештај на ОН дава процентуална информација за земјите во кои населението користело марихуана барем еднаш во последната година. Лидер на овој индикатор е Исланд, каде што вкупно 55.000 луѓе од 320.000 население пушеле марихуана во 2012 година. Ова изразено во проценти е 18,3, додека Замбија и САД ја дополнуваат челната тројка со 14,8 проценти. Секој седми жител на Италија, Нов Зеланд и на Нигерија пробал марихуана, а првата десетка ја дополнуваат Канада, Шпанија, Австралија и Јамајка, каде што секој осми жител пробал марихуана, а тоа е околу 10 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top