Српските безбедносни служби имаат снимка од натпреварот Србија-Албанија на која јасно се гледа дека Олси Рама, братот на премиерот на Албанија, преку телефонот усно го наведува леталото и му дава инструкции на Исмаил Моринај, кој леталото со плакатот со Голема Албанија го лансирал од блиската црква, тврдат српските медиуми.
Иако управувачот од леталото бил во рацете на Исмаил Моринај, Рама преку телефон цело време му давал усни налози. Како што пишуваат српските медиуми, тамошната полиција имала докази дека извршителот на Рама имал уште еден помагач, кој не бил дел од официјалната албанска фудбалска делегација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.