
Во кумановското село Долно Којнаре денеска ќе бидат презентирани два проекта, кои почнуваат да се спроведуваат во североисточниот плански регион.
Станува збор за проектот за воспоставување бизнис во мултиетнички средини, финансиски поддржан од страна на британската амбасада во Скопје, и за воспоставување платформа за регионална рурална акција, технички и финансиски потпомогнат од Министерство за локална самоуправа на Република Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На промоцијата ќе се обратат Лирим Шабани, министер за локална самоуправа, Чарлс Гарет, британски амбасадор во Република Македонија, Луиса Винтон, постојан координатор на Обединети нации и постојан претставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), како и Зоран Дамјановски, председател на Советот на градоначалници на североисточен плански регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


