Кремљ ја продолжи пресметката со „Мекдоналдс“ со повеќе стотици инспектори и нивниот упад во 200 ресторани на американскиот ланец ширум Русија, објави „Прес 24“
Како што пишува Bloomberg, во прашање е продолжение на одмаздата поради санкциите воведени на Русија во екот на украинската криза, а инспекците се вршени по разни основи. Најмногу се извршени поради наводните пријави за лошата хигиена и кршење на фито-санитарните прописи, но во некои ресторани за прв пат стигнала и финансиската инспекција која ги чешла книгите.
„Мекдоналдс“, како симбол на американскиот капитализам, има 440 ресторани во Русија, која според годишниот извештај на компанијата од 2013 година меѓу седум најголеми пазари надвор од САД и Канада. Неколку ресторани веќе се затворани претходните месеци, а реагирале високи претставници, кои порачале дека „ не е во прашање забрана на работата, туку резултат на редовна контрола“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.