Едно лице загина во железничка несреќа што се случи денеска откако во неговиот автомобил удри воз што сообраќаал на релација Кичево – Скопје.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 55-годишниот Ф.З. од тетовското село Горно Седларце поради здобиените тешки повреди починал на самото место на несреќата.
Сообраќајката се случила денеска околу 14 часот на железничкиот премин кај Горно Седларце.
Се очекува увид да изврши јавен обвинител и екипа на СВР Тетово за да се утврдат причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Застрелан млад велосипедист на Алпите, мислеле дека е дивеч