| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува „Танц со ѕвездите“

Tanc

Едно од најгледаните светски телевизиски програми, лиценцираното шоу за танцување „Танц со ѕвездите“, пристигнува и во Македонија на Македонската радио-телевизија, премиерно утре во 20.45 и в сабота во 20.45 часот.

Водители на шоуто се познатите Тони Михајловски и Симона Николовска, а јавниот сервис ветува шоу какво што не е видено досега.

Tanc 1

Погледнете низ фотографии од официјалниот профил на „Фејсбук“ на „Танц со ѕвездите“ како изгледаше пробата во новото Студио 1 во големата зграда на МРТ.

Tanc 2

Меѓу учесниците е и познатиот кајакар Атанас Николовски заедно со партнерката, професионалната танчарка Јована Василева.

– Танцот ми е прва љубов и имам освоено многу први награди на државни и мегународни натпревари. Со Атанас ни оди супер, добра двојка сме, напорно вежбаме за да се покажеме во најдобро светло. Сите танчарски двојки меѓусебе се дружиме и забавуваме и секој ќе се бори што подолго да остане во шоуто, кое ветува многу луди и интересни моменти – вели Јована.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top