| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче повредено во сообраќајка на патот Гостивар – Градец

soobrakajka-

Деветгодишно девојче е тешкоповредено во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 10 часот, на регионалниот пат Гостивар – Градец, информираат од СВР Тетово.

Од првичните информации по увидот, во непосредна близина на училиштето „Наим Фрашери“, автомобил „форд фокус“ со тетовски регистарски таблички, што го управувал 19-годишниот Ш.С. од Градец, налетал на девојчето кое се обидувало да ја премине улицата.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница. Отаму, итно е префрлено на скопските клиники, во животнозагрозувачка состојба.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица во Гостивар извршиле увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и сѐ друго што е поврзано со оваа сообраќајна несреќа. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top