| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се искористи талогот од кафето

Талогот од кафе можете да го искористите за подготовка на маска маска за лице, балсам за коса, пилинг за раце……

 

solja so kafe

Маска за лице

Направете маска за лице така што ќе го ставите талогот од кафето во блендер и ќе додадете малку маслиново масло. Добиената смеса нанесете ја на лицето, нежно масирајте ја кожата и по 30 секунди измијте го лицето.  Кафето има антиинфламаторно дејство, а антиоксидандите и маслиновото масло ја хидратизираат вашата кожа.

Нега за побрз раст на косата

Кожата на главата измасирајте ја нежно со талогот од кафето, како би го стимулирале растот на косата. Мешавина од кафе и маслиново масло исто така може да се искористи и за нега на оштетените врвови на косата. По нанесувањето на кожата и косата треба да се измиете со шампон.

Борец против целулитот

Не мора да одите на скапи масажи за да го отстраните целулитот. Измасирајте ги проблематичните делови од телото со талогот од кафе додека се туширате. Масирањето да биде со кружни движења.

Неутрализира мириси

Кафето ги апсорбира непријатните мириси, така што талогот од кафето ставете го во сад и поставете го на место од каде што доаѓаат непријатните мириси. Вака може да ја освежите кујната по спремање на оброкот.

Пилинг за раце

Со талогот од кафето истријте ги рацете. На тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки, а кожата ќе ви остане мека.

Заштита од убод на инсекти

Заштитете се од убод од инсект така што талогот од кафето ќе ставите  на исушена кора од потрокал. Кофеинот помешан со мирисот на потрокал  ги одбива инсектите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top