Дел од светските медиуми срамежливо објавија дека руска нуклеарна подморница Дмитри Донски е „заробена“ во шведските територијални води, на 34 милји од Стокхолм. Со оглд на тоа дека подморницата испраќа сигнали, Швеѓаните трагаат по неа, а целиот случај се претставува како дел од воените игри.
Русија засега ги негира информациите и тврди дека сите подморници се на број, сместени во Северно Море. Сепак, сè погласно се зборува дека подморницата со 110 членови на екипажот била онеспособена од непознати причини, па поради тоа не можела да исплива на површина. Швеѓаните се во потрага поради тоа што примиле сигнали за помош во Калининград.
Шведските власти се внимателни во објавувањето на информации за случајот. Оттаму известуваат дека не се сигурни за каква подводна активност и за каков сигнал станува збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.