| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Игра“ за почеток на новата сезона на Театар 007

igra

Најбараната фестивалска претстава „Игра“, која е изведувана речиси на сите меридијани, официјално ја отвора новата сезона на Театар 007. Претставата е работена според расказите на Данил Хармс, а режисер е Игор Ивковиќ.  Претставата е закажана за утре, 21 октомври, со почеток во 20 часот, на сцената „Потковица“ во Универзална сала во Скопје.

„Игра“ е алтернативна приказна на професионалниот театар. Таа е карикатура на претставите во кои се величи национализмот, патриотизмот, наспроти глобалноста, широкоградоста и прифаќањето на различностите. Ова е претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира сѐ што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполнето со игра“.

Сценографијата и костимографијата се на Ивана Кнез, а во претставата играат: Фаик Мефаилоски, Филип Кипровски, Ангела Наумоска, Јана Пауновска, Дарко Богески, Илина Матеска, Стефан Петровски, Анастасија Ашкилова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top