| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска: Северина ми беше многу полесен предизвик

Популарната македонска пејачка Елена Ристеска имаше уште една тешка задача во новата епизода од шоуто „Твоето лице звучи познато“. Таа, покрај тоа што требаше да ја имитира Бритни Спирс, играше со питон од 15 килограми околу нејзиниот врат.

Еве што одговори на прашањето кој предизвик ѝ бил потежок.

– Секако дека полесен предизвик ми беше Северина затоа што, пред сѐ, нема толку многу кореографија, но ова е голем предизвик за мене затоа што никогаш не сум размислувала за играње за време на настапите, јас тоа го правам, но не толку професионално. Јас секогаш сум голем професионалец и што и да треба да се направи на сцената, јас ќе го направам за да има одлично шоу и луѓето кои дошле да уживаат – изјави Елена Ристеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top