| четврток, 6 декември 2018 |

Српските медиуми со критики за палењето на албанското знаме: Покрај вакви идиоти, други не ни требаат!

partizan-crvena-zvezda-navijaci-incidenti-pirotehnika-albanska-zastava-pal-1413754594-582855147. вечно дерби во Србија меѓу Партизан и Црвена Звезда не донесе многу фубдал, но затоа изобилуваше од инциденти, меѓу кои и палењето на албанското знаме како продолжение на инцидентот од квалификацискиот натпревар од пред една недела меѓу Србија и Албанија.

Српските медиуми предупредуваат дека сето ова може дополнително да се одрази негативно на српскиот фудбал, затоа што УЕФА неделава треба да одлучи за казните поради прекинот на квалификацискиот натпревар. Палењето на албанското знаме сигурно нема позитивно да се одрази на одлуката.

Според пишувањето на медиумите во Србија, во последните денови од седиштето на УЕФА доаѓаат неофицијални информации дека Албанците ќе бидат драстично казнети поради провокациите кои предизвикаа нереди на тој натпревар, а сега ситуацијата би можела да се промени во нивна корист.

Албанските медиуми, но и голем број западни весници и интернет поратли се фокусирани на гестот на навивачите на северната трибина, каде што популарните Делии го запалија знаемето на Албанија за време на „вечното дерби“. Се огласи и албанското министерство за надворешни работи кое побара извинување од српските власти. Исто така албанското министерство истакнува дека палењето на знамето е само уште еден показател на „патолошката омраза“, со оглед на тоа дека натпреварот меѓу двата најголеми српски клубови нема никакви допирни точки со нивната држава. Исто така инсистираат Владата на Република Србија да ги најде одговорните за овој чин и адекватно да ги казни затоа што според нивно мислење, вакво однесување зема замав и може да има несогледливи последици за иднисната и стабилноста на целиот Балкан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top