Синдикатот на пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утринава објави нов штрајк. Откажани се околу 2.150 лета и блокирани се повеќе од 200.000 патници. Сите планирани меѓународни летови на германската авиокомпанија за вторник се откажани. Конфликтот на „Луфтханза“ со нејзините пилоти настана бидејќи најголемата авиокомпанија во Европа се бори да ги намали трошоците, соочена со тешка конкуренција од нискобуџетните и новите авиопревозници од Блискиот Исток. Пилотите бараат да се задржи сегашниот пензиски план, според кој тие се пензионираат на 55 години и продолжуваат да добиваат дел од своите плати.
Во меѓувреме, дефект во компјутерскиот систем на „Туркиш ерлајнс“ синоќа го извади надвор од бизнисот истанбулскиот аеродром „Кемал Ататурк“. Пред шалтерите се формирале долги редици. Многу авиони не полетале, дошло до доцнење на летовите. Од авиокомпанијата официјално не соопштуваат за причините за хаваријата. Во социјалните мрежи се појавија тврдења дека хакери го оштетиле компјутерскиот систем на турската авиокомпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.