Македонија бележи подобрување во извештајот за индексот на економска слобода на Фондацијата „Херитиџ“, додека, пак, од Институтот „Като“ велат дека Македонија е најдобропласирана држава од регионот.
Македонија се наоѓа на 43. место од вкупно 186 земји во извештајот за индексот на економската слобода на Фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон.
Ние бележиме подобрување од минатата година, а зад Македонија се најдоа Албанија на 51, Бугарија на 61, Црна Гора на 68, Словенија на 74, Хрватска на 87, Србија на 95, БиХ на 101 и Грција на 119. место.
– Македонија е на добар пат, ги подобри регулаторната ефикасност и зацврстувањето на владеењето на правото. Исто така, знаеме дека луѓето, особено младите, сакаат да има подинамичен пазар на трудот. Реформата на пазарот на трудот и континуирано подобрување на политиката на отворен пазар ќе биде многу корисно за македонската економија – објаснила Ентони Ким, екперт од Фондацијата „Херитиџ“.
Според „Хериритиџ“ и „Като“, во Македонија е најдобра монетарната политика, додека, пак, најлошо се оценети судството и заштита на сопственичките права.
Македонија со оценка од 7,02 се најде на 72. место во извештајот на Като, од 152 држави во светот и заостанува за околу еден поен зад 10 најразвиени светски економии.
-На Македонија ѝ оди подобро отколку пред девет години. Во 2005 година Македонија беше рангирана на 90, место, а оваа година е на 72, место. Македонија е пред Босна и Херцеговина, пред Русија, па дури и пред Италија. Ова се добри вести – смета Далибор Рохач, експерт на Институтот „Като“.
Од Институтот Като посочуваат дека податоците што се користени во овој извештај за економската слобода се од 2012-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.