Москва е еден од најскапите градови за туристите во светот, но исто така и еден од градовите со најмногу милијардери. Ова укажува на интересен ноќен живот, многу луксузни барови и ресторани. Еве ги најдобрите и најпознатите ноќни клубови во руската престолнина.
1. Soho rooms
Своите врати ги отвара во 2008 година и многу брзо станува најдобар во Москва. Разделен е на неколку простории – за хранење и за танцување. Тука се ангажирани некои од најдобрите ди џеи на Русија.
2. Icon club
Ова е можеби најголемиот клуб во Москва. Има површина од 4 500 квадратни метри и собира 2 500 лица. Разделен е на три региони – Icon Club, Icon Hall и Icon Bar. Отвора во 22.00 часот. Тука има 70 квадратни метри ЛЕД екрани, голем подиум и 35 ВИП сепариња.
3. Pacha Club Moscow
Легендарниот синџир Pacha има над 25 клуба во целиот свет. Тие обично се меѓу најпрестижните во градот, што важи и за московскиот. Се наоѓа на ул. Николскаја 10. Стилот е мешавина помеѓу Ибица и руски хедонизам. Има огромен подиум, 30 ВИП маси и 10 супер ВИП маси.
4. Premier Lounge
Тука доаѓаат светски познатите ѕвезди, кога се во Москва. Локалот е посетуван од Деми Мур, Ештон Катчер, Вин Дизел, Мила Јововиќ, Орландо Блум и др.
5. Posh Friends
Се наоѓа на плоштадот Пушкинскаја и личи на шатор. Се служи и храна – италијанска и јапонска кујна. Облечете се фенси, како што може да се претпостави од името, ова е “снобовски” клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.