| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќето жени имаат „план Б“ за сопруг

pensive woman biting lips

Најновото истражување на „Дејли Мејл“ покажа дека поголемиот број од жените имаат „план Б“ за сопруг, во случај да не го добијат оној на кој се надеваат. Дури половина од илјада испитанички признале дека не се оптоваруваат за совршен маж, бидејќи знаат дека можат да се задоволат и со некој друг, ако има потреба за тоа.

А кои се поточно „план Б“ мажи?

Најчесто тоа се поранешни момчиња, добри пријатели, некои колеги од работа или дури и нова личност, која жената ја запознала, на пример, во фитнес центар. Некои од нив признаваат дека со тие мажи намерно одржуваат односи, за подоцна полесно да се префрлат на нив, ако има потреба за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top