| четврток, 6 декември 2018 |

Поглаварот на ИВЗ им порача на џихадистите: Треба да се гине за одбрана на Македонија, а не за Ирак и за Сирија!

Sulejman-Redzepi-Rejs-740x320-topАко е некој Македонец, треба да се бори за Македонија, а не во Ирак и во Сирија, изјави за „Радио Слободна Европа“ поглаварот на Исламската верска заедноца реис-ул-улема Сулејман Реџепи.

Реисот ги осуди сите вжештени глави и перачите на мозок што ги праќаат младите на џихад за да гинат на далечните боишта.

– Со начелата на исламот, не се дозволува да се оди на едно такво боиште. Ниту може да се третира дека тоа се вика џихад. Џихад се вика ако се стави верникот во одбрана на татковината. Каква татковина им е на тие луѓе Ирак или Сирија или која било друга држава? Ако се од Македонија нивната тактовина е Република Македонија. Ако треба да се загине, треба да се загине за одбрана на територијалниот интегритет на својата држава, на својата татковина, Република Македонија – изјави Реџепи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top