| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ја препродите поранешната девојка?

Иако сте мислеле за себе дека сте „опасен фраер“ сега се фаќате себеси како слушате тажни песни и замислено гледате во вљубените двојки на улица. Не грижете се, ова е нормална фаза после раскинувањето на врската. Но за да побрзо и полесно ја препродите поранешната партнерка, психолозите ве советуваат следново:

T

Симнете ја поранешната девојка од пиедесталот

Ако за време на врската таа ви беше најубава или најпаметна, сега е време да се позабавувате со нејзините маани. Никој не е совршен, па така ниту вашата поранешна девојка и наместо да се потсетувате колку била прекрасна, направете список на сите ситници кои ве нервирале кај неа. Доколку мозокот ви „застане“ повикајте ги на помош другарите, тие ќе ве потсетат на деталите.

Правете се што ќе посакате

Во врската се неопходни компромисите, но кога сте сами, можете да си угодувате себеси. Останете на забава до утрото, гледајте спортски натпревари по цел ден, оставете ги чорапите на сред соба, дружете се со пријателите. На овој начин повторно ќе почнете да ја цените слободата.

Најдете друга

Најбрз и најефикасен начин да ја исфрлите поранешната девојка од ситстемот е да спиете со друга девојка, тоа го тврдат искусни мажи. Не мора тоа да биде ништо озбилно, доволно е врска за една ноќ, затоа што така ќе ви се врати самодовербата и ќе сфатите дека сеуште сте во игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top