| четврток, 6 декември 2018 |

„Дванаесетмина валкани“ кардинали

cardinals-story-topГрупа на жртви на злоупотребувања од свештени лица, објави список на „Дванаесетмината валкани“  кардинали, кои врз основа на нивниот став кон злоупотребувањата од свештенството и коментарите со кои излегоа во јавноста на таа тема, би биле најлоши можни кандидати за папа, јави Си-Ен-Ен. Од групата Мрежа на лицата, кои го преживеале злоупотребување на свештениците (SNAP) листата ја составиле врз медиумските извештаи, правните документи и изјавите на жртвите.

На списокот се најде и контраверзниот кардинал Тимоти Долан од Њујорк, чиј портпарол не сакаше да ја коментира црната листа. – Не сакам да одговарам на наводите на групата која нема никаков кредибилитет, изјави портпаролот Џизеф Звелинг.

За листата кометар даде и ватиканскиот портпарол Федерико Ломбарди. – Сметаме дека СНАП не е тој што одлучува за тоа кој ќе дојде на конклавата и кој ќе биде избран. Кардиналите сами ќе одлучат за тоа без да ја прашаат СНАП за совет, рече Ломбарди.

Освен Тимоти Долан на списокот се најдоа уште двајца Американци, Шон О’Мали од Бостон и Доналд Вуери од Вашингтон, потоа аргентинскиот кардинал Леонардо Сандри, Џорџ Пел од Австралија, Марк Квелет од Канада, Доминк Дука од Чешка, Петер Турксон од Гана, Оскар Родригез Марадиага од Хондурас, Тарцисио Бертоне и Анџело Скола од Италија и Норберто Ривера Карера од Мексико.

СНАП нагласува дека сите кардинали не се нашле на списокот поради затајување на случаите со сексуално злоупотребување на деца од свештеници, туку има и такви кои на неа се ставени поради изјавите кои ги дале на таа тема. Шестмина кардинали од оваа листа се најдоа и на списокот од 12 кардинали, кои имаат најмногу шанси за наследување на Престолот на Свети Петар (Долан, Сандри, Квелет, Турксон, Марадиага и Скола).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top