| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите на Исламска држава направија голема тактичка грешка!?

ФОТО: ЕПА

ФОТО: ЕПА

По претрпените тешки загуби во Сирија и по воздушните напади на коалициските сили, владеењето на теророт на Исламската држава, конечно, е разнишано, пренесува „Си-Ен-Ен“.

САД и сојузниците истовремено само викендов извршиле 25 воздушни напади врз позициите на џихадистите целејќи ги нивните резерви на нафта. Новата тактика на ИСИЛ може да се прикаже и како нивна пропаст затоа што решија да се борат на отворено каде што се изложени на воздушни напади, смета воениот аналитичар Џастин Бронк.

ИСИЛ има ограничен број борци, а уличните борби во Кобане не им одат во посакуваниот правец и само ги ослабнуваат. Во саботата џихадистите нападнаа град со тешка артилерија, но нивниот напад е одбиен, по што претрпеа тешки загуби.

Вашингтон ги поздрави знаците на охрабрување, но и понатаму предупредува дека Кобане може да падне во рацете на џихадистите. Градот од средината на минатиот месец го напуштиле 200.000 бегалци, додека сè уште се таму 12.000 цивили, кои го ризикуваат својот живот во случај милитантите да успеат да го отсечат градот од границата со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top