
Владата е отворена за разгледување на сите предлози кои се однесуваат на уставните измени, вклучително и на Венецијанската комисија, која е исклучително важна, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
– Отворени сме за разгледување на сите предлози, вклучително и на Венециската комисија. Секако таа е исклучително важна. Ги разгледуваме сите предлози и сите идеи, ги анализираме во контекст на Венецијанската комисија. Имавме и посериозни контакти и комуникации. Во фаза на анализа сме за сите предлози и наскоро ќе излеземе со наш став и со конечен предлог, изјави Груевски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на спортски полигон во скопската наслеба Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Стејт департментот ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент


