
– Кампањата за здрава храна и здрав начин на живот е една од најзначајните кампањи што ги почнуваме. Целта ни е да им помогнеме на граѓаните со совети што е она што може да им го подобри здравјето, да им го продолжи животот и да ги направи посилни и поздрави и што е она што може да делува обратно, во полоша насока – изјави премиерот Никола Груевски
Во кампањата која ќе трае повеќе месеци, ќе има многу активности и многу чекори. Покрај спотовите и билборди, ќе има и многу телевизиски настапи на стручни лица.
– Идејата е пораката да допре до умовите на сите граѓани да размислат околу тоа доколку сакаат да имаат подолг и поздрав живот. Секој сам одлучува што ќе консумира за храна. Тоа е индивидуална одлука и никому не му се мешаме за тоа. Наша обврска, како Влада, е од најнапредните научни сознанија во делот на здравата храна и здравиот начин на живот да ги доближиме до секој обичен граѓанин – истакна Груевски.
Имаме граѓани, подвлече премиерот, со различен степен на образование.
-Имаме граѓани кои се фокусирани на различни области и не секој се фокусира на ова прашање што е сосема разбирливо и така е во секоја земја. Затоа е тука Владата која треба да најде начин, механизми како да го доближи тоа до секој човек да го разбере тоа за негово добро.
Според него, второстепено е тоа што ќе значи за самата држава затоа што ќе превенира и ќе спречи многу болести за кои државата троши пари за лечење. – Од тие болести луѓето патат откако ќе ги добијат. Некои ќе се излекуваат, некои не но се изложуваат на многу непријатности, а некои завршуваат и порано со животот, рече премиерот.
Во кампањата, која ќе биде повеќемесечна, пообемна и сеопфатна, ќе бидат вклучени огромен број медицински лица, нутриционисти, кои ќе даваат совети, ќе објаснуваат многу работи.
– На многу луѓе не им е јасно зошто тоа е подобро да се јаде. И во делот на спортот, во делот на рекреацијата и здравиот живот и тука ќе настапиме со многу различни механизми. Политиката на Владата за изградба на спортски игралишта, спортски сали и други спортски терени е во духот на здравиот начин на живот. Ние не само што зборуваме, ние и делуваме, ние работиме конкретни дела што на луѓето можат да им помогнат во правец на одржување на нивното здравје и добивање подолг живот, додаде премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Пет навики кои можат да ви го продолжат животот
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари


