
Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортски полигон во општина Ѓорче Петров за забелешките на лидерот на ДУИ Али Ахмети за Извешајот од Европската комисија, Груевски даде свој коментар.
– Не би ја коментирал изјавата на Али Ахмети, ќе го коментирам тоа што во минатото сум го правел. Ние правиме огромни напори да ги приближиме работите на секое поле и имаме сериозни успеси во тоа. Се разбира секогаш имаме слабости, ние никогаш не сме кажале дека е идеална ситуацијата во која било сфера, но имаме континуиран напредок. Освен што имаме континуиран напредок, постои простор за уште повеќе. Ќе продолжиме да работиме со сите сили за напредок во сите области, вклучувајќи ги и овие што беа спомнати – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


