| четврток, 6 декември 2018 |

Лимоновиот сок прави чуда

Богатството на витамин Ц не е единствената предност на лимонот – имено, може да замени дел од маснотиите во многу јадења зашто им дава извонреден вкус и ја намалува калориската вредност.

Лимонот на сите нас ни е добро познат како овошје кое содржи најмногу витамин Ц. Од него се користи сокот и кората.  Овој жолт плод припаѓа на цитрусните овошја заедно со мандарината, порткалот,грејпфрут и др. За него и за неговите лековити својства е малку да се зборува, но ние сепак ќе се потрудиме да ви доловиме за се што може да ви помогне лимонот.Овој жолт плод содржи не само витамин Ц, туку и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум. Во составот на лимонот влегуваат и протеини и јаглехидрати.

Тој се препорачува  за снижување на крвниот притисок, исфрлување на токсините од црниот дроб, намалување на болките при артритис, против инфекции, грип, против болести во усната празнина и јазикот, а докажано поволно влијае и  врз функционирањето на нервниот и кардиоваскуларен систем.Дејствува како „чистач“ на крвта и ја подобрува способноста на телото да ги исфрлува отровите. Вашата кожа не може да изгледа здрава, ако вашиот организам е полн со токсини. Кога тој ќе се ослободи од токсините, тоа прво ќе се одрази на вашата кожа. Таа ќе изгледа чиста и без акни. Лимонот помешан со маслиново улје помага во борбата против камен на жолчката.

Тој исто така се користи и во кујните како додаток на многу  специјалитети. Дури се препорачува дома да се чува и лимоново дрвце затоа што го дезинфекцира воздухот и убива многу бактерии, а притоа ќе ве ослободи од комарци и муви.

Од него најмногу се користи сокот . Позната е лимоновата  лимонада, се става во чај, салати ,како прилог на многу меса , а пак кога имате главоболка можете да си ставите во кафето лимон и ќе видите колку подобро ќе се чуствувате.

Кога ќе купувате лимон секогаш гледајте тој да биде со светло жолта боја и да биде свеж. Лимонот со тенка кора содржи повеќе сок во себе отколку тој со дебела кора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top