Популарната српска пејачка Цеца Ражнатовиќ на гостување во една емисија проговори за својот љубовен живот и во таа прилика откри дека ниту еден маж во нејзиниот живот не оставил печат на неа, освен сопругот Аркан.
– Пораснав покрај својот маж и тој ме формираше како личност. Останатите не оставија никаков печат. Сите сакаа да ме менуваат, но јас сум веќе формирана личност. Секогаш бев за компромиси и некој вид попуштање, се зависи од тоа колку си вљубен – рече Цеца.
Пејачката нагласи дека нејзиниот син Вељко го воспитува да биде џентлмен, да е нежен со девојчињата бидејќи тој растел покрај жени.
– Го воспитав да биде вистински маж со манири, исто како што беше татко му – рече Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.