| четврток, 6 декември 2018 |

Нормално одвивање на сообраќајот

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Исклучок се регионалниот пат Пробиштип – Кратово каде поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони, како и патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, каде на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top