| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет лица повредени во протестите во Хонг Конг

Дваесет лица се повредени во судирите меѓу полицијата и учесниците во протестите во Хонг Конг изутринава, соопштија локалните власти, нагласувајќи дека тоа е четврта ноќ, во која избиваат судири, кои следеа по тринеделните мирни продемократски демонстрации.

Повеќе десетици полицајци опремени со штитови и кациги се обидоа да ја потиснат групата демонстранти собрани зад барикадите во северниот дел на Хонг Конг, Монгкок, удирајќи неко од нив со пендраци.

Некои од демонстрантите од местото на судирите се однесени со носилки, додека дежурните лекари им пружиле помош на лицата, кои се здобиле со повреди во пределот на главите, скршеници и модринки.

Во соопштението, кое изутрината го објави хонконшката полицијата се наведува дека полицајците употребиле „минимална сила“, откако демонстрантите ненадејно се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.

Учесниците во протестите, пак, тврдат дека не сториле ништо за да ја испровоцираат насилната реакција на полицијата.
Службата за односи со јавност на Владата на Хонг Конг соопшти дека во периодот меѓу 22 часот синоќа и шест часот изутринава по локално време се повредени 20 лица, кои учествувале во протестите, но не прецизираше колку од нив се припадници на полицијата, а колку демонстранти.

Протестите, со кои демонстрантите басраат оставка на актуелниот градки лидер и одржување демократски избори во 2017 година, почнаа на 26 септември. Владата на Хонг Конг вчера соопшти дека ќе отпочне преговори со лидерите на студентите на
21 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top