| четврток, 6 декември 2018 |

На Шешељ му е дијагностициран рак на црниот дроб

Попретседателот на СРС Милорад Мирчиќ соопштил дека лекарите во затворската единица на Хашкиот трибунал му гијагностицирале рак на црниот дроб на лидерот на радикалите Војислав Шешељ.

seselj

Лекарите пронашле карцином на две места.

Според него Шешељ се сложил оваа информација да биде достапна за јавноста. За утре е најавена прес-конференција на која ќе бидат изложени повеќе детали за здравствената состојба на лидерот на радикалите.

Пред седум месеци на Шешељ му дијагностицирале и рак на дебелото црево, по што следувала операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top