| четврток, 6 декември 2018 |

Електронски цигари – закана по здравјето или лек против зависноста?

e-cigari1

Дали користењето на електронски цигари е штетно за здравјето на луѓето или се вистински лек против никотинската зависност? Само неколку истражувања покажале дека електронските цигари може да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето. Но, тоа не ги спречува многумина да им препишуваат магични својства на е-цигарите.

Истражувањата покажале дека е-цигарите содржат нешто помалку хемикалии од традиционаните иггари, но нивното влијание на здравјето уште не е јасно.

Тие се „еден вид никотинска терапија на црниот пазар“, вели доктор Нејтан Коб, од одделението за пулмологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Џорџтаун.

Со други зборови, за разлика од другите никотински терапии како фластери, гуми за џвакање, спрејови, е-цигарите уште не се регулирани.

– Кога ќе купите телевизор на црно, не знаете како тој рработи. Не знаете кој го направил, дали ќе експлодира. Истото тоа важи и за е-цигарите – вели д-р Коб.

Но, дури и да не се ефикасни, д-р Коб смета дека тие може да помогнат во намалување на бројот на пушачите. Поради популарноста, тие имаат потенцијал да доведат до тоа луѓето да се откажат од цигарите трипати повеќе отколку што тоа е случај со другите никотински терапии.

Но, не се согласуваат сите со него.

– Се претпоставува дека цигарите ќе им помогнат на луѓето да го остават пушењето но се игнорира фактот дека пушачите кои ги користат овие цигари имаат трипати помала шанса да го остават пушењето – вели Стентон Гланц, професор за контрола на тутунот на Универзитетот во Калифорнија.

Една студија објавена во журналот „Канцер“ покажала дека пациентите заболени од рак, кои се обидуваат да ги остават цигарите со употреба на електорнските цигари всушност стануваат повеќе зависни од никотин и двапати почесто продолжуваат да пушат, за разлика од оние кои ја лечеле зависноста без е-цигари.

– Научниците кои ги спроведуваат истражувањата почнуваат од претпостапката дека е-цигарите имаат ист статус како никотинските лекови кои добија одобрување од Агенцијата за храна и лекови. Проблемот е што немаме научни студии кои ја покажуваат нивната безбедност или ефикасност – смета д-р Мајкл Стајнберг, директор на прогрмата за борба против зависности во Универзитетската болница  „Роберт Вуд Џонсон“ во Њу Џерси.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top