Серијата „Американска хорор приказна“ која е само една во низата ТВ и филмски остварувања која ги прикажуват кловнови како злобни, смртоносни и застрашувачки, предизвикува бунт кај вистинските кловнови кои се загрижени за својата професија.
Иако спорната епизодата за кловновите е уште далеку од тоа да биде претставена во јавноста, вистинските кловнови навистина се загрижени за иднината на својата професија која филмската индустрија неправедно ја претвора во вознемирувачка и непристојна.
– Холивуд заработува пари на таквите сензации, без оглед на тоа дали се вистински или не, рече Глен Колбергер, претседател на најголемиот американски клуб на кловнови.
– Тие можат секоја ситуација, без оглед на тоа колку е добра или чиста да ја претворат во кошмар. Не поддржуваме на ниту еден начин кој било медиум кој промовира коулрофобија (страв од кловнови).
Колбергер вели дека кловновите првобитно биле замислени како забавни изведувачи кои ги воодушевуваат децата низ светот, а сега станаа симбол на смрт и страв.
Причината за тоа можеме да ја побараме во многу популарни филмови, книги и нивни ликови. Еден од нив дефинитивно е „Тоа“ од Стивен Кинг, кој создал трајни трауми на читателите и гледачите на истоимената книга и филм.
Исто така, сите се сеќаваат на најпознатиот противник на Бетмен, Џокер, кој е злобен „кловн принц на криминалот“.
Тука се и страшните кловнови и во вистинскиот живот, како што е Џон Бејн Гејси, познат како „кловн убиец“.
Американската хорор приказна е серија која се занимава со речиси сите аспекти на хорор културата, од вештерки и духови до ѓаволи, зомби и вонземјани.
Така што кловнот убиец како централен негативец во мини- серијата „Freak Show“ е целосно логичен чекор. Колку продуцентите на серијата ќе се грижат за чувствата на вистинските кловнови, останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.