| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто потонуваат бродовите кај Бермудскиот триаголник

Група научниците кои пронашле огромна стаклена пирамида на дното на морето во областа на Бермудскиот триаголник сметаат дека можеби тоа е причината за големиот број мистериозни исчезнувања на бродови и авиони во тоа подрачје.

Стаклената структура ја открил океанографот Верлаг Мејер со помош на сонарна технологија на длабочина од 2.000 метри. На неговите снимки таа изгледа како да е делумно проѕирна па се верува дека е создадена од стакло, а можеби дури и од кристали.

Научниците проценуваат дека димензиите на новооткриената пирамида се многу поголеми отколку димензиите на оние кои се
направени во Египет во текот на античкиот период. Нејзината четириаголна база е долга 300, а широка 200 метри, а врвот и достигнува околу 200 метри над морското дно.

На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а низ едната од нив водата поминува со голема брзина и така создава силен подводен бран.
Поради него на површината на водата се формираат бранови кои се што е околу нив го повлекуваат кон дното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top