| четврток, 6 декември 2018 |

Бремената Блејк Лајвли го покажа стомачето (фото)

Популарната актерка Блејк Лајвли сите ги остави без зборови кога се појави на црвениот тепих со своето бремено стомаче.

27-годишната актерка присуствуваше на доделувањето на „Голден Харт“ наградите. Блејк на црвениот тепих прошета во светкава тоалета во шампањ боја, која беше украсена со бели и виолетови циркони. Актерката блесна како никогаш досега, а нејзиното стомаче ги привлече сите погледи.

blejk-7

За време на интервјуто за „E!“, Блејк за прв пат зборуваше за мајчинството.

– Доаѓам од големо семејство. Јас сум најмладата од сите пет, што значи дека никогаш не сум се грижела за некој од моите браќа и сестри. Сепак, таков тип на човек сум, што секогаш сакам да си играм со туѓите дечиња, па отсекогаш го сакав тоа чувство на мајчинство.

blejk-6 hitportal-blejk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top