Кинезите сметаат дека е подобро навреме да се води сметка за сопственото здравје и со тоа да се спречи појавата на болести. За да се направи тоа потребно е да се разберат законите на природата, да се приспособите на промените и така да го зачувате силниот дух и здравото тело.
Животот зависи од движењето и тоа го одредува нашето здравје. Животот самиот е најголем облик на движење. Познатиот доктор Хуа Чуо од династијата Хан создаде пет вежби, држејќи се за правилото „Водата која тече никогаш не може да биде застоена“. Овие и други чигонг вежби ја јакнат отпорноста на организмот, иако имаат и терапевтски ефект.
Кинеската медицина посебно внимава на ведриот и темпераментен дух. Од друга страна би требало да се намали менталната стимулација и пренагласените емоционални промени. На пример, чувството на депресија доведува до стагнирање на крвта и енергијата, намалување на отпорноста на организмот и на крајот болести.
Есенцијата на она што го внесуваме во организмот станува есенција на нашиот организам. Правилна исхрана подразбира редовни и адекватни оброци. Посебно треба да се внимава природата на храната (студена или топла) и петте вкусови (солено, слатко, кисело, луто и горко) да бидат хармонизирани.
Масажата, акупунктурата и другите методи, исто така, се средства за превенција, а не само терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


