| четврток, 6 декември 2018 |

Ристо Магдинчев разрешен од селекторската функција

Ристо Магдинчев од денеска повеќе не е селектор на женската репрезентација на Македонија, откако беше разрешен од функцијата по двата порази од селекцијата на Италија. 

Магдинчев кој на клупата на националниот тим пред една година го наследи Гино Стрезовски е разрешен поради двата порази во дуелите со Италија, со кои Македонија ги загуби шансите за пласман во баражот за пласман на СП во Данска.

Магдинчев, ја предводеше Македонија во квалификацискиот циклус за претстојното Европско првенство кое ќе се одржува во Унгарија и Хрватска. Во силната група со Русија и Германија репрезентацијата го освои последното место, но тој тогаш најави дека ќе започне со процесот на подмладување на националниот тим.

Во предквалификациите за пласман на СП, Македонија се најде во група со Италија и Исланд и прогнозите беа дека ќе успеа да се пласира во баражот, но шансите се загубени по двата порази од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top