Рускиот претседател Владимир Путин, вчера по посетата на Белград, доцна пристигнал во Милано за самитот Азија – Европа и имал полноќна средба со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Средбата траела неколку часа и завршила малку пред 4 часот наутро. Средбата се случила во куќата на Берлускони во Милано. Путин и Берлускони се блиски пријатели. Поранешниот италијански премиер редовно присуствува на прославите за роденденот на рускиот лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



