Кинескиот производител на лекови „Сихуан“ испрати експериментален лек за ебола во Африка за кинеските химанитарни работници и планира таму да спроведе клинички тестирања за борба против смртоносната болест, изјавија претставници на компанијата.
– Фармацевтската група „Сихуан“ испорача неколку илјади дози од лекот JK-05 во регионот – рече главниот оперативен доректор на компанијта Џи Џонгџин, додавајќи дека би можеле да испратат уште дози во западна Африка.
Епидемијата на ебола во западна Африка досега усмрти повеќе од 4.000 луѓе.
Владата и фармацевтските компании се натпреваруваат кој побргу да пронајде лек против оваа болест која се прошири во САД и во Европа. И американскиот претседател Барак Обама вети дека неговата влада ќе почне поагресивно да се бори против оваа болест.
– Хуманитарците веќе го добија лекот, а ако се покаже дека дејствува, тој ќе може да се користи, додаде Хуо Цаикиа, помошник на генералниот директор на компанијата „Сихуан“.
„Сихуан“, кој е во делумна сопственост на американската инвестициска банка „Морган Стенли“, се надева дека лекот ќе биде одобрен за цивилна употреба во Кина. Засега лекот се користи само за војската и исклучително во вонредни ситуации. Него го развија научниците за потребите на кинеската војска.
Лекот JK-05 не е користен на луѓе, а од „Сихуан“ велат дека бил ефикасен во текот на тесирањето животни и глувци. Евентуалниот успех на експерименталниот лек против ебола би значел ветер во грбот за угледот на кинеската фармацевтска индустрија и спасување на многуте лица заболени од оваа страшна болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.