| четврток, 6 декември 2018 |

Шести дел на бриселската сапуница

Европ­ска­та ко­ми­си­ја ја да­де ше­ста­та пре­по­ра­ка за Ма­ке­до­ни­ја. По­ра­ка­та е иден­тич­на ка­ко и ми­на­ти­те пет­па­ти, из­ме­нет е са­мо во­ка­бу­ла­рот. И до­де­ка опо­зи­ци­ја­та ма­ка ма­чи што во­оп­што ја до­бив­ме, се­пак трие ра­це од не­га­тив­но­сти­те во из­ве­шта­јот, кои са­ма ги соз­да­де. А би­ро­кра­ти­те во Бри­сел при­ка­ска­та ја сток­ми­ја за да не­ма „лу­те­ње“ – дел по­фал­би, дел поп­ла­ки, дел цр­но, дел бе­ло. Не се из­ма­чи­ја мно­гу за­тоа што и та­ка зна­ат де­ка е фор­мал­на и до­ка­жа­но има­ги­нар­на по­ра­ди еден единс­твен проб­лем. Се ви­ка Гр­ци­ја. Се­то дру­го е са­мо при­ка­ска...

Во Бри­сел по­втор­но пад­на пре­по­ра­ка. Ни­што но­во. Доб­лес­ни­те Евро­пеј­ци ве­ќе ше­сти пат кон­ста­ти­раа де­ка сме, овој пат „до­вол­но“ под­го­тве­ни за пре­го­во­ри со ЕУ. Тур­ски­те са­пу­ни­ци се таж­ни. Шпан­ски­те се емо­тив­ни. Ин­ди­ски­те, пак, не­ма­ат крај. Во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја, та­ква е и бри­сел­ска­та са­пу­ни­ца, не­ба­ре ја пи­шу­вал Ин­ди­ец во не­кое бо­ли­вуд­ско со­ка­че. Овој пат, глав­на­та уло­га ја до­би че­шки­от актер на за­ми­ну­ва­ње, но за пер­фор­ман­сот не до­би „Оскар“, ту­ку, ка­ко дел од ру­ска­та шко­ла, ти­пу­ва­ше на на­гра­да од фе­сти­ва­лот во Чу­ва­шка­та Ре­пуб­ли­ка, ко­ја тре­ти­ра ма­ли на­ро­ди. Ка­ко ма­ке­дон­ски­от, не­ли…

Тоа што од го­ди­на во го­ди­на се ме­ну­ва е са­мо во­ка­бу­ла­рот. Де би­ле до­бро­со­сед­ски­те од­но­си, де не­вра­бо­те­но­ста, па дру­га го­ди­на за­бе­ле­шки­те би­ле за ин­ци­ден­ти во Со­бра­ни­е­то, па за бој­кот на опо­зи­ци­ја­та итн. Ре­ал­но­ста, се­пак, е нај­до­бро оцр­та­на во ре­че­ни­ца­та од зак­лу­чо­кот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја во ге­не­рал­на­та стра­те­ги­ја за про­ши­ру­ва­ње за 2014 го­ди­на, ка­де што се на­ве­ду­ва де­ка „При­стап­ни­от про­цес на ЕУ со Ма­ке­до­ни­ја е во ќор-со­как“. Проб­ле­мот е што се­кој ова си го тол­ку­ва ка­ко што са­ка, ба­рем кај нас. А ќор-со­ка­кот оста­ну­ва. И до­де­ка ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја ла­мен­ти­ра де­ка проб­ле­мот бил во вла­ста, а нив­на­та нај­го­ле­ма зас­лу­га бил кан­ди­дат­ски­от ста­тус, ви­стин­ски­от ви­нов­ник за шес­тго­диш­ни­от ма­ке­дон­ски пост во евро­ин­те­гра­ци­и­те е за­до­во­лен од ре­зул­та­тот. Со­се­дот е по­ве­ќе од сре­ќен што во со­сед­ни­от двор има и ли­ца што не жи­ве­ат со ма­кси­ма­та да му умре ко­за­та на ком­ши­ја­та, ту­ку тоа му го по­са­ку­ва­ат на сопс­тве­но­то се­мејс­тво, на стра­на што „ко­за­та“ е за­ед­нич­ка.

 

Опо­зи­ци­ја­та го за­се­ни „до­бро­со­седс­тво­то“

„По­стои ит­на по­тре­ба да се ре­ши пра­ша­ње­то за име­то, но ова не тре­ба да би­де из­го­вор за не­до­стиг од на­пре­док во ре­фор­ми­те што се во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те во зем­ја­та“, по­со­чу­ва ЕК, по­втор­но за­мач­ку­вај­ќи го глав­ни­от проб­лем со вна­треш­ни­те ре­фор­ми. И та­ка ос­нов­на­та при­чи­на за ма­ке­дон­ско­то че­ка­ње на фа­моз­ни­те пре­го­во­ри по­сто­ја­но се зат­скри­ва, па ни­кој функ­ци­о­нер во Бри­сел не­ма јав­но да ви ка­же де­ка тоа е глав­на­та при­чи­на за че­ка­ње­то, кое ве­ќе нав­ле­зе во вто­ра­та по­ло­ви­на од де­це­ни­ја­та.

Уште по­го­ле­ми­от проб­лем ле­жи во фа­ктот де­ка до­де­ка Ма­ке­до­ни­ја од­на­пред знае и жа­ли што оваа пре­по­ра­ка, ка­ко и прет­ход­ни­те пет, не­ма да се ве­ри­фи­ку­ва од Со­ве­тот, опо­зи­ци­ја­та уште по­ве­ќе жа­ли што во­оп­што и ја до­бив­ме. „Ре­пуб­ли­ка“ на 5 сеп­тем­ври, во тек­стот „Че­кај­ќи го Фи­ле“, пи­шу­ва­ше за го­ле­ма­та на­деж што ја има­ше ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. За нив, нај­до­бро ќе бе­ше да се од­зе­ме пре­по­ра­ка­та, чин во кој вло­жи­ја мно­гу, па ду­ри и бој­ко­ти­раа из­бор­ни ре­зул­та­ти без ни­ту еден при­го­вор до ДИК. При­ка­ска­та со пре­по­ра­ка­та и та­ка е де­жа­ви. Пр­ва­та епи­зо­да се слу­чи ла­ни, ко­га иста­та таа опо­зи­ци­ја ја бој­ко­ти­ра­ше ко­ми­си­ја­та за на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври, не доз­во­лу­вај­ќи да се за­вр­ши ра­бо­та­та на те­ло­то што тре­ба­ше да ја открие ви­сти­на­та за со­бра­ни­ски­те ин­ци­ден­ти, но и те­ло што бе­ше дел од Мар­тов­ски­от до­го­вор. Не­го го соз­да­доа Фи­ле, Гру­ев­ски и Цр­вен­ков­ски, а би­деј­ќи пос­лед­ни­от ве­ќе не е ли­дер, до­го­во­рот не ва­жи?!

Да­ту­мот 8 октом­ври ќе ста­не црн ден за опо­зи­ци­ја­та, исто ка­ко и 1 март. Ед­ни­от да­тум во 2013 го­ди­на, дру­ги­от го­ди­на­ва. Пр­ви­от по­ра­ди по­вто­ре­на­та пре­по­ра­ка, вто­ри­от по­ра­ди пре­ки­нот на бој­ко­тот и вра­ќа­ње­то на ло­кал­ни из­бо­ри и во Со­бра­ние. Ин­те­рес­но е што во два­та да­ту­ма глав­на­та уло­га ја тол­ку­ва еден ист чо­век. Ште­фан Фи­ле на за­ми­ну­ва­ње ја да­де но­ва­та пре­по­ра­ка, а во зе­ни­тот на сво­ја­та ка­ри­е­ра ги вра­ти на из­бо­ри. Ова вто­ро­то е си­гур­но и ед­на од нај­свет­ли­те точ­ки во ка­ри­е­ра­та на дип­ло­ме­цот на мо­сков­ски­от МГИМО, ос­тва­ре­ни во не­го­ви­от евро­ко­ме­сар­ски ман­дат. Две­те актив­но­сти, пак, не се да­ле­ку од мож­но­ста тој да ста­не пер­со­на нон гра­та во СДСМ. Се­ка­ко, ако во ме­ѓу­вре­ме, по „пен­зи­о­ни­ра­ње­то“, не из­ле­зе на ин­терв­ју и не го обе­ли нив­ни­от образ, ка­ко што на­пра­ви еден евро­ам­ба­са­дор. Ва­ка, доц­на е за Фи­ле да им се дод­во­ри и оправ­да за ста­ри­те гре­во­ви. Ман­да­тот му за­вр­шу­ва на 31 октом­ври 2014 го­ди­на.

Ко­га ти­ква­та оста­ну­ва ти­ква

И та­ка, ста­ри­от Фи­ле ќе им рас­ка­жу­ва на сво­и­те вну­ци ка­ко ед­наш на ри­де­сти­от Бал­кан ја вра­тил опо­зи­ци­ја­та на из­бо­ри за, ка­ко во сказ­на на бра­ќа­та Грим, исти­те ли­ко­ви во фор­ма на де­жа­ви да го по­вто­рат бој­ко­тот за са­мо ед­на го­ди­на. Ра­ска­жу­ва­чот ќе им ка­жу­ва, а де­ца­та не­ма да му ве­ру­ва­ат де­ка два­па­ти пре­мол­чу­ва­ле и ла­же­ле за не­го­ви­те пре­по­ра­ки на сред­би­те и ка­ко по­тоа во уло­га на ку­тра­та Пе­пе­ла­шка, над­вор од нив­ни­те оче­ку­ва­ња, мо­ра­ле да се за­си­тат со не­га­тив­ни­те, ма­леч­ки и бед­ни оста­то­ци од не­го­ви­от из­ве­штај, а тол­ку мно­гу оче­ку­ва­ле и по­са­ку­ва­ле ти­ква­та да ста­не ко­чи­ја што ќе ги од­не­се на Илин­ден­ска. Којз­нае ка­ко, то­гаш оста­ре­ни­от Фи­ле, на­ра­тор­ски ќе им ја до­ло­ви сли­ка­та на „ло­ши­от“ со­сед, кој се ра­ду­вал на олес­не­та­та ше­ста бло­ка­да, за ко­ја ни­кој од 27 чле­но­ви на крал­ско­то се­мејс­тво­то не сме­ел јав­но да ја приз­нае, об­вр­зан со ко­дот на мол­че­ње и на одо­бру­ва­ње на по­стап­ки­те на сопс­тве­ни­от брат, или се­стра…

Ни Ма­ке­дон­ци­те ра­дос­ни, ни Гр­ци­те очај­ни

„Не­до­сти­гот од ди­ја­лог и по­сто­ја­ни­те по­дел­би ме­ѓу пар­ти­и­те до­ве­де до об­но­ву­ва­ње на по­ли­тич­ка­та кри­за, ко­ја про­из­ле­зе од об­ви­ну­ва­ња­та во од­нос на из­бо­ри­те, што до­ве­де до тоа глав­на­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја да из­ле­зе од пар­ла­мен­тот“, се на­ве­ду­ва во из­ве­шта­јот за Ма­ке­до­ни­ја, во кој Ко­ми­си­ја­та на­ве­ду­ва де­ка глав­ни­те по­ли­тич­ки пар­тии не на­пра­ви­ле до­вол­но на­по­ри за да се вклу­чат во кон­стру­ктив­на по­ли­ти­ка во ин­те­рес на це­ли­от еле­кто­рат и на др­жа­ва­та во це­лост. За жал, ЕК, ко­ја, очиг­лед­но, ба­лан­си­ра во зак­лу­чо­ци­те, не нав­ле­гу­ва во тол­ку­ва­ње­то на мо­ти­ви­те на одре­де­ни пар­тии за „не­до­вол­ни­те на­по­ри“, а че­сто во де­ло­ви­те од из­ве­шта­јот про­ве­ју­ва и од­да­ле­ку пре­поз­нат­ли­ви­от во­ка­бу­лар на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, нај­ве­ро­јат­но во­ста­но­вен од т.н. „бри­фе­ри“ на Бри­сел, кои по пат на ста­ри­те вр­ски не­ре­тко ус­пе­ва­ат да ги прот­нат сво­и­те ста­во­ви и мис­ле­ња.

Ако ги спо­ре­ди­те го­ди­наш­ни­от и лан­ски­от из­ве­штај на ЕК, ќе за­бе­ле­жи­те де­ка се­га ме­сто де­кем­ври­ски­те на­ста­ни во Со­бра­ни­е­то, стои опо­зи­ци­ски­от бој­кот на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти и на пар­ла­мен­тот. Глав­ни­те акте­ри оста­ну­ва­ат исти, а „проб­ле­ми­те“ со кои се со­о­чу­ва др­жа­ва­та са­мо ја ме­ну­ва­ат фор­ма­та, ди­кти­ра­на од исти­те ли­ко­ви.

Ма­ке­до­ни­ја ја до­би ше­ста пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри, но ве­ста од Бри­сел не ги изра­ду­ва мно­гу гра­ѓа­ни­те, кои одам­на ја на­у­чи­ја бри­сел­ска­та лек­ци­ја. Не­ма­ше да се за­гри­жат ни­ту да не ја до­би­ев­ме. Ре­зул­та­тот ќе бе­ше ист, са­мо не­кој по­ве­ќе ќе се ра­ду­ва­ше и ли­ку­ва­ше. Ве­ста во­оп­што не ги за­гри­жи ни­ту Гр­ци­те. Зна­ат де­ка лес­но ќе из­ле­зат на крај со неа. Ве­ќе има­ат бо­га­то, пе­ткрат­но искус­тво…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 110. број на неделникот „Република“, 10.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top