Во американските држави има најразлични закони за сексот, сексуалното однесување и секс производите. Во сила се и закони, кои едвај се почитуваат, но тие не се менуваат и можат да му донесат огромни проблеми на нивниот нарушител со американското правосудство.
Во Алјаска на елените им е забрането да имаат секс по улиците на градот Фербенкс.
Во Аризона е забрането да се држат дома повеќе од два вибратора.
Во Тексас пак е забрането едно лице да има над 6 секс играчки.
Во Џорџија се забранети секакви секс играчки.
Во Мичиген заведување или разврат на немажена жена од страна на маж се казнува со 5 години затвор.
Во Индијана возбуден маж со ерекција, воопшто не смее да се појавува на јавни места.
Во Јута е забранет брак со братучетка, пред да наполни 65 години. Ако таа е неплодна, бракот со неа се дозволува откако таа ќе наполни 55 години.
Во Вашингтон е забрането да носиш проститутки до нивното работното место. Ако го направиш тоа, ризикуваш да ти го конфискуваат автомобилот .
Во Мисисипи е забрането да се кажува на луѓето што е тоа полигамија. А прељубата или предбрачниот секс се казнува со парична казна од 500 долари и 6 месеци затвор.
Во Небраска се забранети бракови за луѓе со гонореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.