По двегодишни тестирања, новиот „форд мондео“ ја виде светлината на денот на Саемот за автомобили во Париз. Пред точно две години беше претставен прототипот на овој модел, кој доби позитивни критики, но од „Форд“ одлучија да го претстават токму на овој саем.
„Форд мондео“ ќе биде голем ривал на новиот „фолксваген пасат“, кој, исто така, беше претставен на Саемот за автомобили во Париз. Новиот „форд мондео“ ќе биде понуден со два бензински моторa, со турбополначи од 1,5 и од 2,0 литри, и со два дизелски агрегати со зафатнина од 1,6 и од 2,0 кубни сантиметри. Од „Форд“ најавија дека на почетокот на следната година овој автомобил ќе го придвижува и нов 1,0-литарски бензински мотор со три цилиндри и со две турбини.
Во понудата на агрегати ќе биде вметната и хибридна верзија, која треба да биде конкуренција на „пасат ГТЕ“, а ќе користи 2,0-литарски бензински мотор и електромотор што се напојува од литиумско-јонска батерија со моќност од 1,4 киловат-часови.
Емисијата на штетни гасови во воздухот, односно јаглероден диоксид, ќе изнесува само 99 грама на еден километар.
Новиот „форд мондео“ ќе им се нуди на купувачите со три вида каросериски изведби, односно освен караван и лимузина, ќе има и модел со задна врата. Од „Форд“ најавија дека ќе се пушти во продажба и верзија со стаклен панорамски покрив.
Во внатрешноста на автомобилот се забележуваат Фордовиот мултифункционален систем за поврзување и осуминчен екран осетлив на допир, како и систем со гласовни команди. Технологијата што е вградена во овој прекрасен автомобил им овозможува на новите сопственици сами да си го програмираат кодот на клучот, а ќе добијат и предни светилки со ЛЕД, како и систем за асистенција при паркирање.
„Форд мондео“ ќе го видиме на патиштата низ Европа до крајот на оваа година.
(Текст објавен во најновиот број на неделникот Република, 17.10.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст