Со прекрасниот глас на Јун Сун На, која критичарите ја нарекуваат Гласот (the voice), и одличната изведба на композициите од нејзиниот најнов албум почна 33. издание на „Скопски џез-фестивал“.
– Многу сум среќна што сум вечерва овде со вас – ја поздрави Ју публиката на македонски јазик, притоа заблагодарувајќи им се на Оливер Белопета и на организаторите на фестивалот што ѝ овозможиле да биде дел од ова издание.
Публиката со воодушевување ја прифати светски познатата изведувачка, која нема место на планетава каде што не настапила, а синоќа изведе и песни од Шведска, Франција, Британија….Сите изведби беа проследени со громогласен аплауз, на кој таа се заблагодаруваше на македонски јазик.
Иако нејзината изведба следена од шведскиот гитарист Улф Вакениус отстапуваше од вообичаеното поимање на џезот, таа беше вратена на бис и испратена со овации од публиката, која крената на нозе ракоплескаше со восхит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.