| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Барнс: Замислете што ќе биде да се појави знаме на ИРА на „Вембли“

Некогашниот фудбалер на Ливерпул и на англиската репрезентација, Џон Барнс, го осуди инцидентот во Белград, а критиките се однесуваа на двете страни.

– Никој не може да го оправда однесувањето на српските навивачи, кои се вмешаа во инцидентот, но замислете што би се случило на „Вембли“ да долета знаме на ИРА. Кој би останал рамнодушен на таква провокација? Албанците покажаа недостаток на фудбалска култура – вели Барнс.

john

Двете страни вмешани во политичката војна преку фудбалската игра продолжуваат со провокативни изјави, шпекулации и префрлање на вината едни на други. Србите велат дека Албанците провоцирале, спротивната страна очекувано го тврди спротивното, а одлуката за судбината на прекинатиот меч и на двете репрезентации е во рацете на УЕФА.

Конечната одлука ќе биде донесена на 23 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top