| четврток, 6 декември 2018 |

Српски хакери го нападнаа веб-сајтот на Националната албанска телевизија

Група хакери го нападнаа официјалниот веб-сајт на Националната албанска телевизија, така што на насловната страница поставиле слика со запалено албанско знаме, како и порака „Косово е срцето на Србија“.

Групата, која се нарекува „Српски хакери“, ја собори веб-страницата на Радио-телевизија Албанија.

Во меѓувреме, оваа слика е симната од веб-стајтот, но интернетската презентација на албанскиот национален емитер и натаму е недостапна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top