Комисијата за здравје на Градскиот совет на Лондон побара воведување забрана за пушење на двата големи плоштади во британскиот главен град, „Трафалгар“ и кај зградата на Парламентот. Најавата на градските власти веднаш предизвика поделени реакции. Активистите за забрана на пушењето ја поздравија ваквата иницијатива, но групата пушачи „Форест“ соопшти дека станува збор за „суров потег“ на власта.
Претставник на оваа група изјави дека пушењето во парк никому не му пречи и никому не му штети освен на пушачот.
Британската влада се огради од иницијативата на главниот град, објаснувајќи дека таа не планира да го забрани пушењето на јавни места.
Предлогот беше покренат во извештајот „Подобро здравје за Лондон“, зад кој стои поранешниот британски заменик-министер за здравство, сега лорд, Ара Дарзи, кој е хирург.
Во извешатој се посочува на опасниот податок дека половината од сите возрасни жители на британскиот главен град се дебели или имаат прекумерна тежина. Лондончани се подебели и од жителите на Њујорк, Торонто, Сао Паоло, Сиднеј, Мадрид и на Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.