Во изминатите денови на социјалните мрежи се појави шеговита карта на „Голема Црна Гора“, која стана вистински хит, пренесува Радио-телевизија Црна Гора.
На картата во границите на „Голема Црна Гора“ се и „Голема Албанија“ и „Голема Србија“. Во границите на „Голема Црна Гора“ има и делови од Србија без Војводина, од Косово, Македонија и Бугарија, а во неа влегуваат и Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и делови од Унгарија, Австрија, па дури и делови од Франција и од Италија.
Картата предизвика многу шеговите коментари. Во еден од коментарите се бара морската линија Бар-Бари меѓу Црна Гора и Италија да стане внатрешна линија, а друг прашува зошто Швајцарија останала надвор од границите на Голема Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.