По инцидентот на фудбалскиот натпревар во Белград, кој го разбранува целиот регион, провокациите од Албанија не престануваат. Последната неверојатна изјава стигнува од Фудбалскиот сојуз на оваа земја во чиешто соопштение по повод настанот оваа спортска институција тврди дека развиореното знаме со мапата на Голема Албанија е единственото што го имаат Албанците.
„Кога леталото го прелета стадионот, а тоа беше единствено начин да се развиорат нашите национални бои во агресивното, непријателско опкружување, немирот траеше повеќе од 40 минути. Албанското знаме е сметано за провокација, но тоа е единственото знаме што го имаме“, се вели во соопштението на ФСА потпишано од Газменд Мало, директорот на секторот за односи со јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.